Засилени контроли на сите откупни пунктови за тутун. Сите човечки ресурси на земјоделскиот инспекторат во наредниот период ќе бидат концентрирани за контрола на компаниите кои откупуваат тутун. Откако на последната отворена владина седница премиерот Никола Груевски побара засилени мерки за непречено одвивање на откупот, од Државниот инспекторат за земјоделство велат дека во последните неколку дена инспекторите се на терен и два-три пати дневно прават контроли на откупните пунктови. Сите човечки ресурси на Инспекторатот се распоредени на откупните пунктови и два-три пати на ден се прават контроли за да не се случи земјоделците да бидат изманипулирани или оштетени при проценката на тутунот.
Засилени контроли на сите откупни пунктови за тутун. Сите човечки ресурси на земјоделскиот инспекторат во наредниот период ќе бидат концентрирани за контрола на компаниите кои откупуваат тутун.
Откако на последната отворена владина седница премиерот Никола Груевски побара засилени мерки за непречено одвивање на откупот, од Државниот инспекторат за земјоделство велат дека во последните неколку дена инспекторите се на терен и два-три пати дневно прават контроли на откупните пунктови.
- Сите човечки ресурси на Инспекторатот се распоредени на откупните пунктови и два-три пати на ден се прават контроли за да не се случи земјоделците да бидат изманипулирани или оштетени при проценката на тутунот. Досега нема утврдено поголеми неправилности кај откупувачите и тутунот се откупува во согласност со правилникот - вели за ВЕЧЕР, Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство. Тој објаснува дека утврдените неправилности се санкционирани и отстранети и дека нема простор за незадоволство кај тутунарите.
- На почетокот на откупот беа утврдени два случаи кога откупувачи ги немаа отворено откупните пунктови во согласност со правилникот и против нив беа преземени казнени мерки, а беа утврдени и мали неправилности кај неколку откупувачи кои неправилно ги пресметуваа одбитоците, за што беа предупредени да ги отстранат - потенцира Стаменов. Тој апелира до земјоделците да не потпаѓаат под политички влијанија.
- Инспекторите забележаа дека на неколку откупни пунктови луѓе активисти на опозицијата сакаат да создадат недоразбирања, не водејќи сметка дека со тоа ќе се направи штета на тутунарите - вели Стаменов и додава дека се уште неможе да се даде оценка дека е ниска откупната цена годинава, затоа што на почетокот се откупуваат само пониските класи.
- Сега се откупува тутунот од трета класа, додека тој од прва класа, кој се продава 250 денари за килограм, ќе се откупува на крајот и тогаш може да се пресмета просек од оваа реколта.
Во моментов се откупени четири милиони килограми тутун, што е околу 12% од очекуваните 30 илјади килограми за кои се склучени договори со земјоделците. Се уште е рано да се тврди дека нешто не е во ред - смета Стаменов.
Земјоделските здруженија апелираат до тутунопроизводителите да поднесат жалба до второстепена комисија ако се незадоволни од проценката на тутунот и ако сметаат дека се обесправени.
- Ако производителот ако не е задоволен од проценката, нека ја оспори балата. Истиот ден раководителот пријавува до подрачната единица на Министерството за земјоделство. Наредниот ден интервенира второстепената комисија - вели Данчо Милевски од Сојузот на здруженија на тутунопроизводители. Тој потенцира дека ако компанијата го поткраднува тутунопроизводителот и тоа се докаже со проценката на второстепената комисија, која е конечна, следуваат казни.
- Се затвора пунктот и се поднесуваат прекршочни постапки. Ако еден проценител добие 30 грешки, му се одзема лиценцата за проценка на тутун, се казнува со пет илјади евра, а раководителот со 15 илјади евра. Не сакам да верувам дека има политика во откупот и жалосно е да се печали на грбот на производителите - вели Милевски.
Според него, просечната цена на килограм откупен тутун е различна и се движи од 150 до 170 денари, во зависност од квалитетот, кој е подобар од лани.